ЕВЕ КАКО И СО ГАЌИ И СО ОБЛЕКА МОЖЕ ДА СЕ УКРАДАТ 500.000 ЕВРА Не мора да се биде надзор на автопат, туку само досетлив како Нина Тиара

Една жена од Велика Британија пронашла генијален начин како да украде големи пари од познати бутици. Трикот го повторила најмалку 1.000 пати. И нормално, кога ќе се претера, на врата тропа полицијата...

2,353

Нариндер Каур (53), попозната како Нина Тиара, заработила повеќе од половина милион евра менувајќи така што во бутици низ Велика Британија, барајќи рекламација, ја менувала облеката што претходно ја украла за пари.

Полицијата соопшти дека Нина Тиара имала развиена мрежа на делување и дека крадела по бутици во сите делови на земјата, пишува Мирор.






Наводно, пред да биде фатена, таа крадела четири години од јули 2015 и февруари 2019 година, а делото го повторила  најмалку 1.000 пати.

Истрагата покажа дека таа ги посетила продавниците на „Boots“ низ Британија, вклучително и во Дадли, Сметвик, Дројтвич и Кидерминстер. Таа добил 60.787,09 фунти поврат на средства од „Boots“ и покрај тоа што потрошила само 5.172,73 фунти во нејзините продавници.

На обвинетата ѝ биле врачени 42.853,65 фунти како поврат од „Debenhams“ и покрај тоа што потрошила само 3.681,33 фунти.

Каур добила 33.131,61 фунти како рефундирање, но потрошила само 5.290,36 фунти. Судот слушна како Каур ги посетила продавниците на „Monsoon“ и побарала 23.000 фунти повеќе за поврат отколку за плаќањата при купување.

Таа продолжила да ги таргетира продавниците на „House of Fraser“, трошејќи 2.853,55 фунти, но побарала 23.147,75 фунти за рефундирање. Продавницата во Бирмингем беше една од бројните што таа ги посети.

Измамничката Каур ги измамила продавниците на „Homesense“ во Стафорд, Шрусбери, Канок, Солихал и Ворчестер, меѓу другите. Таму потрошила само 1.181,45 фунти, но барала 19.540,17 фунти како рефундирање.

„TK Maxx“ биле измамени за 14.563,53 фунти, додека таа го измамила „Homebase“ од 3.238,47 фунти, соопшти „CPS“.

Нина Тиара во текот на својата „лоповска кариера“ неколку пати го менувала своето име, а честопати затворала банкарски сметки и во други отворала нови.

Исто така, често правела финансиска измама, крадела кредитни картички и ги користела за купување, а потоа барала отштета од банката, тврдејќи дека случајно внела „премногу нули“, кои потоа банката ќе ги отстранувала од нејзината сметка.

При апсењето полицијата во нејзината куќа пронашла околу 150.000 евра, како и поголема количина облека.

Поврзани содржини