🎥 ЕВЕ КАКО Е СОЗДАДЕН „ГОЛИОТ ФУСТАН“ НА ХАЈДИ КЛУМ Втората кожа на германската убавица е обликувана според нејзините облини

Не престануваат коментарите за „голиот фустан“ на германската манекенка и пејачка Хајди Клум, која едвај се движеше во него и ги шокираше сите присутни на церемонијата на доделувањето на Греми наградите во Лос Анџелес. Имаме видео од целиот процес на неговото создавање

667

Не престануваат коментарите за фустанот што Хајди Клум го носеше на Греми наградите, а кој всушност беше нејзина втора кожа.

Фустанот на супермоделот бил изработен по нарачка од австриската дизајнерка Марина Херманседер, која сега го откри целиот процес зад изработката на самиот фустан.






Таа го покажа процесот на преминување од компјутерски прикази на фустанот до црвениот тепих на Греми наградите 2026, а за да го постигне изгледот на овој фустан во бојата на кожата на Хајди и според истите димензии на нејзиното тело, дизајнерскиот тим започнал со правење калап од телото на Клум од вратот до колената – вклучувајќи ги нејзините облини и папокот.
Потоа ја растегнаа и обликуваа кожата преку калапот, прво навлажнувајќи ја, а потоа користејќи фенови за коса и алатки за обработка на кожа за да постигнат совршено прилепување.

Фустанот бил направен во два дела, преден и заден, изработени еден по еден во студиото, а потоа прицврстени со копчиња за да го формираат финалното парче. Заоблените рабови на деколтето и рабовите биле исечени рачно, со нож.

Конечно, ги тестирале боите за да одговараат на тонот на нејзината кожа, потоа го изшмирглале и го обоиле целото парче со рефлективен сјај сличен на латекс.

– Секогаш бирам облека што ќе воодушеви – изјавила 52-годишната Клум за „Билборд“ на доделувањето на наградите во неделата.

– Тешко е со овој фустан да одам и да седам. Јас ќе бидам таа што ќе плеска и ќе стои цело време. Стоечки овации цело време – се пошегува Клум за „Ројтерс“.

Се чини дека на крајот се пресоблекла во нешто поудобно, објавувајќи видео од церемонијата на која јаде хамбургер во црн фустан без прерамки.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Поврзани содржини