„Владата донесе одлука: вакцинацијата ќе се одвива во три фази” – денес ова.
Во прва фаза ќе нема вакцини.
Во втора фаза ќе нема персонал да вакцинира.
Во трета фаза ќе нема народ да се вакцинира.
***
„Научниците предупредуваат дека и домашните миленици ќе треба да се вакцинираат”. Ојдов да учам да лаам на германски.
***
Се запнавте за вакцини ко којзне шо светла иднина ве чека.
***
Вакцините заглавија на Стража.
***
„Вакцината може да ја промени ДНК-та”
Се гледам во огледало и мислам на полошо од ова не е фармацијата до толку развиена…
***
Први треба да се вакцинираат основците! Пошто дур стигнат вакцините тие ќе влезат во ризична група со години.
***
„Ја разгледуваме можноста за кинески вакцини” – Филипче.
Ако, не се брзајте. Разгледајте и по други бутици. Кина до 8 работи, тука сме.
***
Убо шо не донесоа вакцини, сега на дождот ќе чекавме, ќе настиневме.
(ФБ статуси на авторот)