Еве како ќе се попишуваат позитивните на ковид-19 и тие во изолација

Државниот завод за статистика во соработка со Управата за електронско здравство „Мој термин“ ќе ги добива списоците на позитивни лица на дневна основа со нивна адреса, ЕМБГ и телефонски број, се наведува во Протоколот.

862

Според Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, познато е како ќе се изврши попишувањето на лицата кои ќе бидат позитивни на ковид-19 и во домашна изолација.

Во Протоколот се наведува дека попишувањето на овие лица ќе биде посебно огранизирано и следено, па така бројот на лица позитивни на ковид-19 и во домашна изолација ќе се следи на дневна основа со цел да се овозможи нивно опфаќање во Пописот.






– Државниот завод за статистика во соработка со Управата за електронско здравство „Мој термин“ ќе ги добива списоците на позитивни лица на дневна основа со нивна адреса, ЕМБГ и телефонски број – стои во Протоколот.

Оние лица чија изолација ќе започне на 1 април и ќе заврши за време на трањето на пописот, попишувачот ќе може да ги посети по завршувањето на периодот на домашна изолација.

– Додека пак лицата кои се позитивни на ковид-19 и кај кои изолацијата нема да заврши за времетрањето на пописот, тие ќе бидат телефонски контактирани и ќе се договорат условите за попишување со добивање на податоци од некој нивен близок кој не е во изолација, а ги знае сите податоци – се вели во Протоколот.

Поврзани содржини
na