Еве како да ја проверите водоотпорноста на мобилниот ВИДЕО

А, колку е добар овој метод за проверка на водоотпорност, докажува коментарот на Редит, од официјалниот сервис на Samsung, кој вели дека таму со оваа апликација ја тестираат водоотпорноста.

316

Апликацијата Water Resistance Tester која лесно можете да ја симнете преку Google Play ви покажува дали вашиот мобилен е водоотпорен со едноставно притискање на екранот, пренесува Телеграф.

Видете како при инсталација апликацијата веднаш го проверува водниот притисок(hPa).






Сè што треба да направите е да притиснете со двата прста и наскоро ќе добиете позитивен или негативен резултат. Не треба никаква вода. Water Resistance Tester употребува барометар за да ја измери отпорноста на вода според сертификатот IP67 / IP68.

Тестирањето на апликацијата, што го изврши редакцијата на страницата „Андроид полиција“ на телефонот „Гугл Пиксел 5“, покажа позитивни резултати. Сепак, тие се покажаа негативни веднаш штом ќе се отстрани пластичната „фиока“ за СИМ-картичката. Ова потврдува дека апликацијата дава веродостојни резултати.

А, колку е добар овој метод за проверка на водоотпорност, докажува коментарот на Редит, од официјалниот сервис на Samsung, кој вели дека таму со оваа апликација ја тестираат водоотпорноста.

Поврзани содржини