ЕВЕ КАКО БЕЗОБРАЗНО СЕ БРАНИ ЖЕНАТА ШТО ЈА ПОЛЕА ПРАТЕНИЧКАТА ВУКИЌЕВИЌ „Јогуртот е полн со протеини и помага во нега на косата“

Радовановиќ негира дека ја влечела Вукиќевиќ за палтото или ја кубела за косата. Таа смета дека не сторила кривично дело, но вели дека е подготвена да ги сноси последиците и дека стои зад својата постапка.

3,864

Марија Радовановиќ, жената која денеска ја полеа со јогурт српската актерка и пратеничка Лидија Вукиќевиќ пред Собранието во Белград, дрско го „објасни“ својот напад, тврдејќи дека јогуртот е полн со протеини и помага во нега на косата. Таа порача дека политичарите „добро поминале“, затоа што, според неа, заслужиле катран, пердуви и стрижење.

Радовановиќ, поранешна секретарка на Медицинскиот факултет во Белград, за порталот Нова.рс изјави дека реагирала во афект кога ја видела Вукиќевиќ како влегува во Собранието на конститутивната седница. Тогаш ѝ пришла со појадокот што го држела во рацете и ѝ го истурила јогуртот врз косата.






– Лута сум и сметам дека треба да трпат критики на различни начини за сè што ни направија. Лидија Вукиќевиќ како јавен функционер, исто така, мора да трпи поголем степен на критика – рече Радовановиќ, објаснувајќи дека сакала да изрази несогласување со политиката на партијата на која ѝ припаѓа пратеничката.

Како причини за нападот ги наведе незадоволството поради состојбата во Пионерскиот парк, помилувањата, насилството и тоа што, според неа, не се гонети одговорните за падот на настрешницата во Нови Сад. Тврди дека никој не ја испратил да го стори тоа и дека одлуката ја донела во моментот.

Радовановиќ негира дека ја влечела Вукиќевиќ за палтото или ја кубела за косата. Таа смета дека не сторила кривично дело, но вели дека е подготвена да ги сноси последиците и дека стои зад својата постапка.

Вукиќевиќ, која во новиот парламентарен состав влезе од листата на Српската напредна странка, по нападот со влажни марамчиња се обидувала да го исчисти јогуртот од косата. Подоцна, вознемирена и со солзи во очите, изјави дека насобрани луѓе ја влечеле и ја кубеле, а потоа ја полеале со јогурт.

📽️ ЛИДИЈА ВУКИЌЕВИЌ ЈА ПОЛЕАЈА СО ЈОГУРТ ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ „Многу лошо се чувствувам затоа што бев нападната од Срби“

Поврзани содржини