📽 ЕВЕ КАКО АБАЗОВИЌ СПАСИ ЖИВА ГЛАВА! Се појави видео од евакуацијата на црногорскиот премиер од дискотека
Полицијата претходно денеска соопшти дека Абазовиќ не бил нападнат, туку дека дошло до конфликт меѓу неколку лица и дека премиерот во тој момент поминувал покрај нив на технички мандат.
Откако беше објавено дека синоќа имало инцидент во дискотеката „Топ Хил“ во Будва, притоа бил евакуиран и премиерот на Црна Гора во технички мандат Дритан Абазовиќ, при што појави видео на кое се гледа како тој ја напушта популарната дискотека.
Неколку помлади луѓе извикуваа „Уаааааааааааааа! и „Мило, Мило“.
Може да се забележат неколку луѓе како излегуваат од дискотеката кашлајќи. Полицијата соопшти дека во дискотеката бил употребен спреј со иритирачки ефект, но само кога Абазовиќ ја напуштил дискотеката.
Полицијата претходно денеска соопшти дека Абазовиќ не бил нападнат, туку дека дошло до конфликт меѓу неколку лица и дека премиерот во тој момент поминувал покрај нив.
На видеото кое го објави ЦдМ се гледа дека додека Абазовиќ си заминува со обезбедување, полицајците изнесуваат неколку лица од дискотеката.
Може да видите и двајца полицајци како влетуваат во дискотеката, а група млади луѓе истрчуваат од неа.
Очевидци на настанот претходно изјавија за ЦдМ дека виделе како полицијата го евакуирала Абазовиќ и привела неколку лица.
– Изгледаше дека беше нападнат затоа што човекот го пцуеше додека не влезе во полициското комбе. Сигурно интервенираа 15-20 полицајци – изјавија за ЦдМ очевидци на настанот.
Концертот на Дино Мерилин се одржа синоќа во дискотеката „Топ Хил“ во Будва.