Еве каде не важи групирањето на повеќе од четворица

678

Забрана за собирања во групи на повеќе од четири лица на јавен простор, во паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден, цела седмица  има точно дефинирани исклучоци и не не важи за повеќе ситуации, објаснува Владата.

Таа забрана не важи за родители со деца од исто семејство, при организирање настава на отворено, како дел од формалното образование во  образовните институции и установи за згрижување на деца. Забраната не се однесува и кога се чека на постојка за превоз на патници, при професионални спортски тренинзи и натпревари, при организирање и одржување на службени собири како состаноци, работилници, обуки, конференции, седници и слично кои се неопходни за да се обезбеди континуирано работење на институциите, деловните субјекти и други организации. Забраната не се однесува и при вршење работни задачи од вработени лица во есенцијални служби како полиција, војска, противпожарна служба, обезбедување, здравство и слично, за лица затекнати во вршење работни задачи при давање прва помош во животно – загрозувачки состојби, при пристапување на економски оператори во нивните капацитети, простории/објекти заради добивање услуга, чекање во ред пред оператор и слично, со одржување на дозволеното минимално растојание од најмалку 1,5 до 2 метри при добивање на услугата и за вршење на други активности кои се утврдени и се одвиваат со задолжително почитување на времените мерки, наредените мерки и наменските протоколи, планови и алгоритми (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus) за постапување согласно оваа одлука.

Поврзани содржини