Еве ги термините кога македонските Олимпијци ќе ги имаат своите настапи

Македонија има двајца спортисти кои ќе се обидат да дојдат до медал на Игрите, а тоа се таеквондистот Дејан Георгиевски, како и борачот Могомадгаџи Нуров.

399

Церемонијата на свеченото отворање на ЛОИ во Токио ќе започне за нешто помалку од два часа, а боите на Македонија на овие игри ќе ги бранат осум спортисти во седум спортови.

Според распоредот првиот кој ќе го „скрши мразот“ е Борјан Бранковски. Тој утре во 6 часот по македонско време ќе се појави во квалификациите во стрелаштво на 10 метри воздушен пиштол. Во првиот натпреварувачки ден на борилиштата ќе излезе и пливачот Филип Деркоски кој некаде во 13 часот ќе плива на 400 метри слободно.






На вториот ден на игрите својот настап ќе го има џудистката Арбреша Реџепи во категоријата до 52 килограми. Реџепи која беше во делумна изолација поради контакт со лице заболено со коронавирусот ќе настапи во недела.

Еден од двајцата македонски спортисти кои ќе нападнат медал, таеквондистот Дејан Георгиевски ќе настапи на 27 јули. Борбите во тешка категорија во таеквондо почнуваат во 03:15 минути по полноќ.

Најмладата спортистка во историјата на Македонија на едни игри, Миа Блажевска Еминова својата трка на 100 метри слободно ќе ја има на 28 јули во 14 часот. Втората седмица од игрите ќе ја отвори атлетичарот Јован Стојоски кој на 01 август ќе трча на 400 метри. Каратистката Пулексенија Јованоска ќе се појави на татамите на 05 август во 3 часот по полноќ, додека последен наш спортист на игрите ќе биде борачот Могомадгаџи Нуров кој својот настап во категоријата над 97 килограми во слободен стил ќе го има на 06 август.

ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ТОКИО 2020

1. Борјан Бранковски – 10 метри воздушен пиштол квалификации (24.07.2021 – 06:00)

2. Филип Деркоски – 400 метри слободно квалификации (24.07.2021 – 12:48)

3. Арбреша Реџепи – Џудо -52кг. (25.07.2021 – 04:00)

4. Дејан Георгиевски – Таеквондо 80кг. (27.07.2021 – 03:15)

5. Миа Блажевска Еминова – 100 метри слободно квалификации (28.07.2021 – 14:00)

6. Јован Стојоски – Атлетика 400 метри (01.08.2021 – 03:45)

7. Пулексенија Јованоска – Карате ката (05.08.2021 – 03:00)

8. Магомедгаџи Нуров – Борење 97кг. (06.08.2021).

Поврзани содржини
na