ЕВЕ ЈА КОНЕЧНО ТАА ТАБЛИЧКА Мате Римац се пофали дека ја регистрирал првата „Nevera“ (ФОТО)

Ќе биде интересно да ги видиме наскоро на таблиците на Монако, Велика Британија, САД, Германија, Јапонија, Канада..., напиша Римац на својот профил.

1,035

Засега само во Хрватска, а наскоро и во многу други земји, најави Мате Римац со фотографии од првата официјална регистрација на неговиот автомобил „Nevera“.

– По 5 години развој, над 1.000 луѓе во проектот, произведени 17 прототипови, 45 тестови на судири, 9 автомобили уништени за време на краш тестови и илјадници други тестови – денеска редовно се регистрира првата „Nevera“. Засега само во Хрватска, а наскоро и во многу други земји – објави Римац.






Тој најави дека на „Nevera“ ќе биде интересно да се видат регистарските таблички на други земји.

– Ќе биде интересно да ги видиме наскоро на табличките на Монако, Велика Британија, САД, Германија, Јапонија, Канада… – напиша тој на својот профил.

„Nevera“ има неверојатни перформанси – 1.914 коњски сили и 2.360 Nm вртежен момент, забрзување до „стотка“ за 1,85 секунди и до 300 km/h за само 9,3 секунди и максимална брзина од 412 km/h, а заинтересираните купувачи својот примерок ќе можат да го купа за цена од 2 милиони евра.

Поврзани содржини