ЕВЕ 500 ЕВРА, ПУШТЕТЕ МЕ Велешанец заработи кривична за поткуп на полицајци
Според информациите од МВР, мажот бил приведен за друго дело, а на патот кон полициската станица се обидел да ги подмити полицајците.
Триесетгодишен велешанец кој бил уапсен на полициските службеници им понудил пари, во замена за негово ослободување.
Според информациите од МВР, мажот бил приведен за друго дело, а на патот кон полициската станица се обидел да ги подмити полицајците.
– Им понудил 30.000 денари за да го пуштат – соопшти СВР Велес.
Против велешанецот поднесена е кривична пријава за давање поткуп.