ЕВАКУИРАНИ УШТЕ 25 НАШИНЦИ ОД КАБУЛ Утрово со авион се префрлени во Дубаи

 Со нив денеска треба да се сретне македонскиот конзул од Абу Даби.

327

Втората група од 25 македонски државјани рано утрово е префрлена од Кабул во Дубаи, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи. Со тоа како што рече е завршен процесот на евакуација на македоснките државјани од Кабул.

Тие на аеродромот во Дубаи пристигнале во 7.30 часот. Со нив денеска треба да се сретне македонскиот конзул од Абу Даби.






Во Кабул вчера имаше вкупно 75 македонски државјани разделени во три групи од по 25 луѓе, од кои последната беше сместена во воената база на аеродромот, а првата уште рано утрото беше префрлена во Доха, Катар.

Евакуацијата беше отежната поради хаосот на аеродромот во Кабул и покрај обидот на американската војска да обезбеди контрола.

Повеќето од евидентираните 75 македонските државјани се евакуирани од Авганистан, изјави денеска на прес конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Со воени авиони педестина граѓани на РС Македонија се префрлени од Кабул во Доха и во Абу Даби, од каде со редовни цивилни летови треба да се вратат во земјава.

Во Кабул се уште 14 македонски државјани од кои 11 денеска ќе бидат трансферирани на аеродромот за да бидат евакуирани во текот на денов, а тројца се изјасниле дека остануваат во Авганистан и подоцна ќе ја напуштат земјата.

Поврзани содржини