ЕВАКУИРАНИ СЕ СИТЕ АЛПИНИСТИ ОД ЕВЕРЕСТ Блокирани беа 580 туристи и повеќе од 300 водичи

Стотици алпинисти беа блокирани од длабок снег за време на викендот во изолираната долина Карма.

48

Спасувачи синоќа ги евакуираа сите останати лица кои беа блокирани во близина на источната страна на врвот Еверест во Тибет, меѓу кои и стотици локални водичи и пастири на јакови, со што заврши една од најголемите спасувачки операции во регионот.

Стотици алпинисти беа блокирани од длабок снег за време на викендот во изолираната долина Карма, откако невообичаено силна бура го прекри регионот со обилни снежни врнежи.






Во саботата цел ден паѓал снег во долината која се наоѓа на просечна надморска височина од 4.200 метри. Во неделата спасувачите евакуирале околу 350 лица на безбедно место.

Вкупно 580 туристи, заедно со повеќе од 300 водичи, пастири и друг помошен персонал, биле евакуирани, соопшти официјалната кинеска новинска агенција Синхуа.

Долината Карма првпат била истражена од западни патници пред еден век. Во последните години, со развојот на регионот околу врвот Еверест во Тибет како главна туристичка атракција, областа привлекува сè повеќе посетители. Минатата година над 540.000 туристи го посетиле регионот на Еверест, што претставува нов рекорд.

Поврзани содржини