Две неподвижни лица на возраст од 80 и 88 години од селото Ракле кај Прилеп полицијата денеска евакуирала поради опасност од пожар, информира МВР.
– Денеска околу 14 часот, по добиена пријава во ОВР Прилеп дека во село Ракле има две неподвижни лица на возраст од 80 и 88 години, кои се во опасност поради настанат пожар на тоа подрачје, полициски службеници од ОВР Прилеп се упатиле на местото. За кратко време лицата биле евакуирани и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот син – велат од МВР.