📷 ЕВАКУИРАН АЕРОДРОМОТ ВО БАЗЕЛ Втора закана за поставена бомба во последните два дена
Швајцарската полиција соопшти дека добила пријава со закана за поставена бомба и дека аеродромот е евакуиран.
Аеродромот во Базел денеска е евакуиран од безбедносни причини, објавија швајцарските медиуми повикувајќи се на информации од управата на аеродромот.
„Патниците се замолени да контактираат со нивната компанија за информации за летот“ – соопшти прес-службата на аеродромот.
Erneute Bombendrohung am Euro-Airport Basel: Flughafen wird evakuiert. https://t.co/TDudEc9ga4
— 20 Minuten (@20min) October 20, 2023
Во соопштението се додава дека во тек е полициска акција, но не се познати повеќе детали, пишува Блик.
Полицијата подоцна соопшти дека добила пријава со закана за поставена бомба и дека аеродромот е евакуиран.
Аеродромот во Базел и вчера беше евакуиран поради закани за бомби и беше отворен по неколку часа.