Ева Лонгорија на удар на критиките: Синот го претвораш во девојче! ФОТО

956

Иако ги освои симпатиите на многубројната публика со улогата на „врцкавата“ Габриел Солис во серијата „Очајни домаќинки“, 45-годишната американска актерка Ева Лонгорија последните години ужива во својата најомилена животна улога – мајчинството.

Откако во јуни 2018 година таа и нејзиниот сопруг, 52-годишниот претприемач Хозе Бастон, го добија синот Сантијаго, Ева не криеше колку ѝ се променил целиот свет , а доказ за тоа се и бројните фотографии на малиот миленик на нејзиниот профил на Инстаграм. Меѓутоа, токму последната фотографија ги збуни обожавателите и предизвика дебата меѓу нив.






На прв поглед, вообичаената глетка на две ипол годишно дете како ужива во своето омилено колаче со насмевка на лицето, наскоро предизвика вистинска дебата во коментарите кога една од обожавателките на актерката, го нарече синот на Ева – девојче.

„Колку убаво девојче! Тоа многу личи на својата мајка“, напишала обожавателката под фотографијата на малиот Сантијаго, и иако многумина биле збунети од нејзиниот заклучок, се јавиле и оние кои коментирале дека актерката намерно го претвора својот син во девојче.

„Тој изгледа како девојче. Познатите тоа сакаат да го прават со своите деца, па претпоставувам дека таа сака Сантијаго да се чувствува како девојче“, одговорила друга обожавателка, кој дошла до заклучок дека, со оглед на тоа што малиот има долга коса, актерката се обидува да го воспитува како девојче.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини