ЕВА ЛОНГОРИЈА БЛЕСНА ВО СЕКСИ КРЕАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ДИЗАЈНЕР Ѕвездите се „тепаат“ за Тони Матичевски (ФОТО)

Холивудските ѕвезди го обожаваат - од модната икона Оливија Палермо, преку актерката Кристен Стјуарт до латино дивата Џенифер Лопез.

1,192

Неговите фустани често се поистоветуваат со скулптури или уметнички дела, а потребна е само една средба со естетиката на необичен бренд за да се вљубите во убавината и сложените детали на безвременскиот дизајн. Тони Матичевски е еден од најреномираните австралиски дизајнери на сите времиња, по потекло од Македонија.

Холивудските ѕвезди го обожаваат – од модната икона Оливија Палермо, преку Кристен Стјуарт до латино дивата Џенифер Лопез.






Последна во низата светски ѕвезди облечени во креација на Матичевски е сексапилната актерка Ева Лонгорија.

Актерката блесна во мал црн фустан, но со вештите раце на Матичевски креиран да го привлече секој поглед.

Црниот фустан под колена, со длабоки изрези од двете страни, навидум прикриено ја откриваат целата сексапилност на жената, а Лонгорија ја поседува и тоа како.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини