„ЕУРОВИА“ НЕГИРА ДЕКА Е ДОНАТОР НА ДУИ Првиот човек на компанијата бара извинување од медиумитe

Според извештај, пак, на Државниот завод за ревизија во мај годинава, на ДУИ од Адеми лани ѝ биле донирани 2,5 милиони денари, а од „Еуровиа“, како правно лице, уште 1,8 милиони денари.

573

Мојата врска со ДУИ, донирањето што се нагласува кон Демократската унија за интеграција и вредноста на донацијата се невистинити, пишува во соопштение Елмедин Адеми, сопственик на компанијата „Еуровиа“ која за речиси 2 милиони евра ќе ја уредува салата „Борис Трајковски“ за настан на ОБСЕ.

Во прогласот тој бара медиумите да се извинат за како што вели невистините и нарушувањето на репутацијата на компанијата.






Според извештај, пак, на Државниот завод за ревизија во мај годинава, на ДУИ од Адеми лани ѝ биле донирани 2,5 милиони денари, а од „Еуровиа“, како правно лице, уште 1,8 милиони денари.

Деновиве македонските медиуми пишуваат дека „Еуровиа“ е фирма која е најголем донатор на партијата. Министерството за надворешни работи во неделата излезе со соопштение дека постапката за тендерот за уредување на салата „Борис Трајковски“ била транспарентна и дека бил избран најевтиниот понудувач.

 

Поврзани содржини