„ЕУРОМАКС РЕСОУРСЕС“ НА ПОТЕГ Инвеститорот најави дека ќе ги штити своите права
Бордот на директори во консултација со правниот тим ќе одлучи какви идни чекори ќе преземе за да ги заштити своите права како инвеститор.
„Еуромакс ресоурсес“ со особено внимание ја следи разврската за остварувањето на нивните права како инвеститор, соопшти компанијата по објавувањето дека Владата ја поништила одлуката за спојување на концесиите „Иловица-Штука“.
– Во таа насока, ќе почекаме сите одлуки кои што се однесуваат на спојувањето на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудникот за бакар „Иловица-Штука“, да бидат јавно објавени со цел заедно со нашиот правен тим да направиме увид во аргументацијата врз основа на која истите се донесени – велат од „Еуромакс ресоурсес“.
По ова, Бордот на директори во консултација со правниот тим ќе одлучи какви идни чекори ќе преземе за да ги заштити своите права како инвеститор.