ЕУРОИМПЕКС СО 35 ГОДИНИ УСПЕХ Седум награди од „Златно Тркало“ за Peugeot и Opel

Компанијата одбележува 35 години постоење додека нејзините модели продолжуваат да освојуваат признанија од македонската јавност.

48

„Еуроимпекс“ е македонска компанија, првенствено препознаена по своето застапништво на еден од најпознатите автомобилски брендови – Peugeot во Македонија и регионот, но во исто време и генерален увозник на брендовите: „TotalEnergies“, „Milwaukee“, „Bahco“, „Irimo“, одговорна за раководење и развојот на ловиштето Ниџе, а од 2020 година и генерален застапник за германскиот бренд – „Opel“ на територијата на Македонија, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора.

Еуроимпекс го започнува своето работење во далечната 1990 година, за во 2025 година да одбележи цели 35 години успешно постоење, кои ги прослави со свечен настан во „кирилична“, еден од ретките на нашата територија.






Сличен настан од национално значение претставува и реномираниот Избор за најпосакуван автомобил во Македонија „Златно Тркало“ кој својот почеток го бележи во 2020 година, за во меѓувреме да измине низ шест успешни репетиции.

Златно Тркало е всушност нов оригинален начин да го избереме најпосакуваниот автомобил, на кој сите граѓани на Македонија кои имаат пристап до интернет и социјалните мрежи, можат да го дадат својот глас и за на тој начин добиените резултати да го искажат вистинскиот афинитет на реалните љубители и купувачи на автомобили.

– Ние (Еуроимпекс) како прва автомобилска компанија во Македонија, искрено ги цениме и особено ни се драги нашите македонски награди и признанија, особено оние кои се изгласани од нашата македонска јавност. Таков пример претставува националниот избор за најпосакуван автомобил „Златно Тркало“, каде Еуроимпекс со своите водечки автомобилски брендови Peugeot и Opel до сега има освоено вкупно 7 награди во различни категории! Го поздравуваме изборот и посакуваме да се множат националните признанија и награди – изјави Зоран Серафимовски – Извршен директор во Еуроимпекс.

Најпосакуван градски автомобил за 2021 – Peugeot 2008

Со освоени над 35% од гласовите, новиот Peugeot 2008 извојува убедлива победа и ја освои титулата за најпосакуван градски автомобил.

Најпосакуван електрифициран автомобил за 2021 – Peugeot e-208

Електричниот е-208 – кој освои 45.93% од гласовите – беше логичниот избор за храбрите.

Најпосакуван градски автомобил 2022 година – Peugeot 308

Со освоени 37.70% од гласовите, Peugeot 308 се наметна како доминантен во категоријата.

Најпоскуван нов автомобил за 2023 – Peugeot 408

Peugeot 408 беше изборот на 30.62% од гласачите во категоријата и заслужено е избран за Најпосакуван нов автомобил во Македонија за 2023!

Најпосакуван градски автомобил за 2024 – Opel Corsa

Достапна и како целосно-електрично возило, Opel Corsa ги освои гласовите и со 47.53 проценти во категоријата беше прогласена за Најпосакуван Градски Автомобил.

Најпосакуван семеен автомобил за 2025 – Opel Grandland

Големиот Grandland е знаменосецот на SUV гамата на Opel и освои 39% од гласовите.

Најпосакуван електрифициран автомобил за 2025 – Peugeot 3008

Редефинираниот SUV на Peugeot освои 30% од гласовите во неговата категорија. Peugeot одлучи радикално да го редизајнира 3008 и да го трансформира во еден поинаков, нестандарден SUV.

– Со овие награди изгласани токму од нашата јавност низ годините покажуваме дека имаме водечки брендови на автомобили кои јавноста ги препознава и ги посакува. На тоа сме особено горди! – изјави Ивана Манчева Михајловска – Заменик извршен директор во Еуроимпекс.

И оваа година 2026, финалистите на Еуроимпекс се натпреваруваат во три категории:

• Најпосакуван семеен автомобил за 2026 – Opel Frontera
• Најпосакуван градски автомобил за 2026 – Peugeot 308

• Најпосакуван автомобил за 2026 (Главна награда) – Opel Frontera

Гласањето on-line ќе започне на 15ти март 2026 година на веб страницата на „Златно Тркало“.

Поврзани содржини