ЕУРО 2024 Португалија со пресврт до победа против Чешка

Португалија дојде до изедначување  по автоголот на Робин Хранац во 69. минута, а во продолжението дефанзивецот направи кикс, што го искористи Франциско Консеисао и го постигна победничкиот гол на натпреварот за конечните 2-1.

260

Репрезентацијата на Португалија направи пресврт и забележа крајно драматична победа од 2:1 над Чешка во натпревар од групата Ф на Европското фудбалско првенство во Германија.

Иако Португалците доминираа на теренот во поголем дел од натпреварот, но Чесите изненадувачки поведоа преку Лукаш Провод во 62. минута.






Португалија дојде до изедначување  по автоголот на Робин Хранац во 69. минута, а во продолжението дефанзивецот направи кикс, што го искористи Франциско Консеисао и го постигна победничкиот гол на натпреварот.

Во следното коло од натпреварите во групата во Лајпциг,  в сабота Португалија ќе се соочи со Турција, а Чешка ќе се обиде да ги освои првите бодови против дебитантот на турнирот, селекцијата на Грузија.

Уште пред почетокот на мечот во Лајпциг беа поставени два рекорда. Кристијано Роналдо стана играчот со најмногу настапи на европските првенства, вкупно 6. А неговиот репрезентативен колега, Пепе, со 41 година и 113 дена стана најстариот играч кој се појавил во завршницата на европските фудбалски првенства.

Поврзани содржини