ЕУ ВОВЕДЕ ЦАРИНИ ОД 25 ОТСТО ЗА САД Стапуваат на сила на 15 април
ЕУ се соочува со американски царини од 25 проценти за челикот, алуминиум и автомобили, како и нови пошироки царини од 20 отсто за речиси сите други артикли.
Земјите членки на Европска Унија гласаа за воведување на царини за некои стоки од САД, соопшти Европската комисија.
Новите царини стапуваат во сила на 15 април.
„ЕУ ги смета американските царини за неоправдани и штетни за двете страни, како и за глобалната економија“, се наведува во соопштението.
Во моментов ЕУ се соочува со американски царини од 25 проценти за челикот, алуминиум и автомобили, како и нови пошироки царини од 20 отсто за речиси сите други артикли.