ЕУ усвои упатства за потврди за вакцинација

Потврдите можат да бидат во пишана или дигитална форма и мора да обезбедат ригорозна заштита на личните податоци.

300

Земјите членки на ЕУ усвоија денеска упатства за потврди за вакцинација наменети за медицински цели, кои мораат да се усогласат за да се користат во сите држави членки. Целта на овие упатства е да се обезбеди интероперабилност на потврдите за вакцинација, што значи дека содржината на сертификатите е унифицирана и да утврди минимален број на податоци кои мора да ги има секоја потврда.

Потврдите можат да бидат во пишана или дигитална форма и мора да обезбедат ригорозна заштита на личните податоци.






– Потребен ни е заеднички пристап до сертификатите за вакцинација и со нетрпение очекувам продолжување на соработката со Светската здравствена организација, со цел проширување на оваа алатка на глобално ниво. Интероперабилните потврди за вакцинација ќе бидат важна алатка за граѓаните во текот на пандемијата, но и откако ќе биде надмината, истакна еврокомесарката за здравство – Стела Киријакидес.

Упатствата се главно наменети за потврди за вакцинација против ковид-19, но може да се користат во иднина како основа за докажување на вакцинација и против други болести.

Поврзани содржини