ЕУ ТРЕБАШЕ ДА ЗАБРАНИ ИЗДАВАЊЕ БУГАРСКИ ПАСОШИ НА МАКЕДОНЦИ Не е доцна и сега да реагира, вели дипломатот Зашов

Кога Португалија почна да издава пасоши на Бразилци имаше реакција да се престане со таа практика - вели Зашов.

313

Претепувањето на Пендиков е несреќен случај кој дојде во несреќно време, а јас го осудувам чинот на насилство. Тоа беше искористено од бугарските националистички кругови кои поведоа хајка против Македонија – рече Благој Зашов, поранешен амбасадор, во настап на Студио 10 на ТВ24.

– Ниедна нација не постои од еден определен датум. Така, не може во Бугарија да се вели дека ние сме биле Бугари до 1945 а потоа сме станале Македонци. Проблемот е што Бугарија ја негира македонската националност. Тоа ги нервира Македонците. Мора да се најде средина, не може две соседни држави да бидат во постојан судир – вели Зашов.






Амбасадорот Зашов очекува дека големите сили во ЕУ ќе реагираат на оваа ескалација. ЕУ треба да побара и од Бугарија да покаже знаци на добрососедство, а не тоа да го бара само од Македонија. Тој посочува дека слични случаи имало и во други соседни земји, но работите се средиле.

– Зошто ЕУ не реагираше кога Бугарија масовно издаваше пасоши на македонски граѓани? Кога Португалија почна да издава пасоши на Бразилци имаше реакција да се престане со таа практика – вели Зашов.

Зашов на ситуација гледа на дипломатски начин и вели дека најтешко во ваква ситуација му е на послабиот. Според него, решението не може да се бара во НАТО, туку да се посветиме повеќе на нашата организација во државата и особено во дипломатијата која ги пренесува работите онака како што се.

– Ние немаме амбасадори во клучни земји, а камо ли лобисти. Секако дека имаме пријатели, но и ним не сме им се оддолжиле – вели Зашов.

Поврзани содржини