ЕУ СТАВИ КРАЈ НА ШПЕКУЛАЦИИТЕ Не постои никаков нон-пејпер за Балканот

Неколку пати, различни претставници на институциите на ЕУ тврдеа дека никогаш не виделе „словенечки нон-пејпер“ за прецртување на границите, а самиот Јанша го негираше авторството на таков документ, но шпекулациите повторно беа поттикнати со нови „информации“ кои наводно биле објавени во јавноста.

272

Никаков нон-пејпер за прекројување на границите на Западен Балкан не кружел меѓу членовите на Европскиот совет, ниту пак било дискутирано во ниту едно работно тело на Советот, се наведува во непотпишаниот одговор на пратеничкото прашање.

Со тоа, дури во последните денови од септември, ЕУ стави крај на шпекулациите за нон-пејпер што словенечкиот премиер Јанез Јанша наводно го проследил до лидерите на ЕУ минатата пролет и што предизвика големи турбуленции во регионот.






Прашања за тој документ на 15 јули постави словенечкиот пратеник Клемен Грошељ, член на политичката група „Да ја обновиме Европа“ и член на неколку работни тела на Европскиот парламент што се занимаваат со прашања поврзани со Западен Балкан.

– Темите во тој документ би имале далекусежни импликации за политичката стабилност на земјите од Западен Балкан, и на тој начин би имале значајни последици за политиката на Европската унија кон целиот регион – рече тогаш Грошељ, барајќи пристап до контроверзниот документ, без оглед на степенот на тајност.

Сега, официјално пристигна одговорот дека таков документ не постои.

Неколку пати, различни претставници на институциите на ЕУ тврдеа дека никогаш не виделе „словенечки нон-пејпер“ за прецртување на границите, а самиот Јанша го негираше авторството на таков документ, но шпекулациите повторно беа поттикнати со нови „информации“ кои наводно биле објавени во јавноста.

Наводно, документот предлага анексија на Република Српска кон Србија, делови од Црна Гора и Северна Македонија со албанско мнозинство во Албанија и припојување на западна Херцеговина кон Хрватска.

Претставници на Европската унија претходно изјавија дека границите на Западен Балкан се „затворено прашање“.

Поврзани содржини