ЕУ СПРЕМА ЗАЛИХИ ЗА ЕВЕНТУАЛНА НУКЛЕАРНА КАТАСТРОФА Ќе се чуваат во Финска, а ќе вредат 242 милиони евра

Резервите ќе се состојат од опрема за спасување животи до залихи на медицинска опрема, како што се противотрови и мерачи на нивото на радијација и ќе бидат наменети за заштита на лица кои први ќе реагираат во случај на непосредна опасност и цивилно население, соопшти финското Министерство за внатрешни работи.

349

Европската унија ќе ѝ додели на Финска 242 милиони евра за воспоставување резерви наменети за сите земји-членки на ЕУ во случај на појава на хемиска, биолошка, радиолошка или нуклеарна закана, соопшти денеска финската Влада.

– Избувнувањето на руската агресивна војна против Украина ја потврди потребата од зајакнување на CBRN (хемиска, биолошка, радиолошка и нуклеарна) подготвеност на ЕУ – изјави европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич.






Резервите ќе се состојат од опрема за спасување животи до залихи на медицинска опрема, како што се противотрови и мерачи на нивото на радијација и ќе бидат наменети за заштита на лица кои први ќе реагираат во случај на непосредна опасност и цивилно население, соопшти финското Министерство за внатрешни работи.

Финска дели 1.300 километри државна граница со Русија.

Поврзани содржини