ЕУ СО ГОДИНИ „УБИВА“ НЕКОИ ЗЕМЈИ ВО ЧЕКАЛНАТА Милановиќ вели дека е лицемерно да ѝ се ветува членство на Украина
Тоа се Црна Гора, Албанија. Па во таа смисла легитимно е да се зборува за Украина во ЕУ, но можам да забележам дека тоа е земја чии територијални перспективи не се јасни…што се однесува до општите услови за членство, не гледам дека ги исполнува, вели хрватскиот претседател според кого ЕУ со години ги „убива“ земјите од Западен Балкан кои се во чекалната.
„Искрено, мислам дека таквото ветување е лицемерно и неискрено. Ова е ставот кон Украина од првиот ден, од 2013 година. Многу зборував за ова“.
Вака изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за ветувањата за пристап на Украина во Европската унија. Според Милановиќ, „за жал, ЕУ со години убива некои земји, а за тоа недостига волја кај некои актери со одложување на нивните преговори“.
– Тоа се Црна Гора, Албанија. Па во таа смисла легитимно е да се зборува за Украина во ЕУ, но можам да забележам дека тоа е земја чии територијални перспективи не се јасни…што се однесува до општите услови за членство, не гледам дека ги исполнува. Што ќе се случи потоа, ќе одлучи ЕУ – додаде Милановиќ на прес‑конференцијата со полскиот претседател кој ја посети Хрватска, пренесува Блиц.
Милановиќ се пожали и дека Хрватска практично ѝ дала на Украина 35 тенкoви на подарок и не добила ништо за возврат.
– Добивме трошки од Германија. Способности, а не проценти, тоа е она што е важно.
Милановиќ откри и за што зборувал со шефот на САД.
– Разговарав со американскиот претседател Доналд Трамп, без никакво разубавување, дека цените на оружјето треба да се намалат. Американците, Германците, Французите и Британците се како агенти за продажба на сопствените одбранбени индустрии. А ние сме купувачи и купуваме неверојатно скапа роба… Тоа се фактите.
Во однос на обвинувањата дека некои западни лидери се „руски луѓе“, Милановиќ изјави:
– Руски човек, што значи тоа? Го познавам (Фицо). Тој не е руски човек… но во некои критични ситуации ќе се однесува како што се однесува. Овие приказни дека сум руски човек се одвратни и доаѓаат од луѓе што треба да внимаваат што зборуваат – рече тој обвинувајќи ги критичарите за неточни и дегутантни квалификации.