ЕУ РАСТРГНАТА МЕЃУ УКРАИНА И „ЕРДОГАНОВА“ ТУРЦИЈА Нема место и за двете земји во Унијата?
Победата на Киличдароглу би ја обврзала Европа не само да ги укине визите за Турција, туку и да ги рестартира преговорите за влез во Унијата. Ова би можело да ги засени преговорите на Украина и на Западниот Балкан.
ЕУ „моли Бога“ Ердоган да ги добие претседателските избори во вториот круг во Турција, бидејќи во спротивно ќе мора да го поддржи „продемократскиот“ Кемал Киличдароглу и со тоа да го поддржи членството на Турција во Унијата и да ја засени Украина која е во центарот на вниманието поради војната. Разликата меѓу двата кандидати е само околу 5 отсто во корист на Ердоган, а на 28 мај ќе биде денот Д.
„ЕУ да знае по ѓаволите што точно сака“, се вели во поднасловот на статијата.
– Во еден момент ќе мора да ставиме до знаење дека Украина и Западен Балкан се последни кои ќе влезат во ЕУ. Незамисливо е ЕУ да ги прими и Турција и Украина, бидејќи пазарот нема да издржи такво нешто – изјави неименуван висок европски службеник.
Овој незгоден тајминг за ЕУ би значел дека ако Киличдароглу победи Европа ќе треба не само да ја надгради царинската унија Турција-ЕУ, туку и би повлекла „барање договор за визна либерализација, и исто така, веројатно би повлекло обид за рестартирање на одамна замрзнатите пристапни преговори“.
Ќе ги обновиме преговорите, ама ќе бидат бесконечни
„Значи, ако Киличдароглу победи на 28 мај, земјите-членки веројатно ќе се скараат и ќе ја стават Турција на дневен ред на нивниот самит во јуни за да изготват стратегија“, пишува Муџтаба Рахман во анализата за Политико.
Според него, јасно е и како ЕУ би постапила ако се најде во ваквиот клинч: „ЕУ би побарала засолниште во „конструктивна двосмисленост“. Тоа значи дека во случај на победа на опозицијата, пристапните преговори веројатно би биле рестартирани, но со знаење дека тие ќе бидат бесконечни. И наместо експлицитно да го отфрлат напредокот на Киличдароглу, двете страни наместо тоа би се фокусирале на потесна, краткорочна „позитивна агенда“, се вели во написот.
„Или, како што рече друг висок функционер на ЕУ: „Зошто да се изгуби политичкиот кредит за да се убие процес кој е веќе мртов?“
Ќе биде ли сопрена тајната рута на Путин?
Во ЕУ знаат дека добрите намери на Киличадроглу да ја приближи Турција кон Западот би ги искомплицирале идните преговори за влез на Украина, па и на Западниот Балкан. „Украина ја менува играта“, како што рече добро поставениот висок претставник на ЕУ.
Што друго може да се очекува од Киличдароглу?
На краток рок, сѐ ќе биде мирно. Брисел ќе ја стави на прво место финансиска помош од 7 милијарди долари за закрепнувањето Турција од разорните земјотреси во февруари, а Анкара конечно ќе соработува за да не бидат „магично“ избегнати западните санкции.
Можеби конечно ќе биде сопрена „тајната“ рута за извоз на нафта и други руски производи која му овозможува на Путин токму преку Турција да ги заобиколи сите сопки на Западот.
Со Ердоган визите за ЕУ остануваат, а нервозата ќе расте
Килидароглу би се заложил и за договорите за жито. Во спротивно, со Ердоган ќе биде старата песна. Или?
„Но, на среден до долг рок, доколку Ердоган навистина победи, натамошното отстапување на демократијата и конкурентските геополитички интереси значајно ќе ги подигнат тензиите. Пристапните преговори на Турција ќе останат замрзнати; ажурирањето на миграцискиот пакт од 2016 година или исполнувањето на некои од неговите клаузули ќе остане малку веројатно. Брисел ќе продолжи да не дозволува безвизно патување во блокот за турските државјани и нема да има движење за ажурирање на Царинската унија ЕУ-Турција од 1995 година. Наместо тоа, стагнирачките односи меѓу ЕУ и Турција само дополнително ќе се влошат“, заклучува .
Со други зборови, она што изборите во Турција го ставија на виделина е дека всушност, не постои јасна политика на ЕУ кон Турција и обратно.
РУТАТА КОЈА ЈА СПАСИ РУСКАТА НАФТА Путин сосем легално ги прескокнува санкциите