Европската унија предупреди за пад на слободата на медиумите ширум светот, во момент на пандемија на новиот коронавирус.
– Загрижувачки е што пандемијата ковид-19 во некои земји се користи како изговор за наметнување неоправдани ограничувања на слободата на медиумите – рече Жосеп Борел, висок претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, во изјава во име на блокот од 27 нации.
Изјавата временски се совпаѓа со Светскиот ден на слободата на печатот на 3 мај.
Борел ја истакна зголемената потреба за доверливо новинарство во време на криза за да се избегнат дезинформации и лажни вести.
„Новинарите мора да бидат во можност да работат слободно“, се вели во соопштението, додавајќи дека во неизвесни времиња е неопходен пристап до веродостојни и проверени факти.