Претседателка на Европската комисија понуди „срдечно извинување“ за изневерувањето на Италија во почетокот на пандемијата со коронавирусот.
– Да, вистина е, никој не беше спремен за ова. Исто така, вистина е дека премногу не беа тука кога на Италија ѝ требаше помош на самиот почеток. И поради тоа, Европа нуди срдечно извинување – рече Урсула фон дер Лајен пред Европскиот парламент во вторникот наутро.
Повеќе од 21.000 луѓе починаа од вирусот во Италија, што според Универзитетот Џон Хопкинс е највисока стапка во Европа.
Додека Италија се бореше со појавата на вирусот во почетокот на март, Франција и Германија забранија извоз на маски и покрај предупредувањата од Европската комисија дека таквите акции можат да го поткопаат колективниот одговор на вирусот.