ЕУ ПОБАРА НЕЗАВИСНА ОБДУКЦИЈА ЗА НАВАЛНИ Кремљ го одби барањето

Советот на Европската унија вчера повика на независна обдукција, наведувајќи дека Русија треба да дозволи транспарентна меѓународна истрага за околностите на ненадејна смрт на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

201

Властите во Кремљ денеска го отфрлија барањето за независна обдукција на останките на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Советот на Европската унија вчера повика на независна обдукција, наведувајќи дека Русија треба да дозволи транспарентна меѓународна истрага за околностите на неговата ненадејна смрт.

„Неочекуваната и шокантна смрт на Навални е уште еден знак за систематска репресија во Русија“ – соопшти Советот.






Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков денеска го одби повикот од Советот ЕУ.

– Русија не прифаќа такви барања од Европската унија – рече Песков, пренесува ABC News.

Поврзани содржини