ЕУ ОЧАЈНИЧКИ СЕ ОБИДУВА ДА ГИ СПРЕЧИ КОМПАНИИТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛАТ Ќе ги субвенционира и големите загадувачи на животната средина
Големите корисници на државна помош ќе бидат обврзани да инвестираат дел од средствата во проекти што ги намалуваат трошоците на електроенергетскиот систем и придонесуваат за зелената транзиција.
Европската комисија дозволи поголема државна помош за енергетски интензивните индустрии за да ги одврати компаниите од преселување во странство, а секторите што веќе добиваат поддршка, како што се челичната и хемиската индустрија, исто така ќе имаат право на поголема државна помош, објави Европската комисија.
Kомисија денеска усвои амандман на Упатствата за државна помош во рамките на Системот за трговија со емисии на стакленички гасови (ETS), со цел да се задржат енергетски интензивните индустрии во ЕУ.
Со овој амандман, проширен е списокот на сектори кои можат да добијат надомест за трошоците за електрична енергија настанати поради цената на емисиите на јаглерод диоксид, а меѓу нив се и секторите за производство на органски хемикалии, керамика, стакло и батерии.
Секторите кои веќе беа опфатени – челичната и хемиската индустрија – сега можат да добијат надомест до 80%, во споредба со претходните 75%, за да го покријат поголемиот ризик од преместување на производството надвор од ЕУ.
Големите корисници на државна помош ќе бидат обврзани да инвестираат дел од средствата во проекти што ги намалуваат трошоците на електроенергетскиот систем и придонесуваат за зелената транзиција.
Комисијата, исто така, предвиде дека земјите-членки можат да предложат дополнителни сектори кои не се на списокот, доколку докажат дека се изложени на реален ризик.
Поради пониските трошоци, компаниите го преместуваат производството во земји со послаби ограничувања на емисиите, а клиентите ги заменуваат производите од ЕУ со увоз од земји каде што производството создава повеќе емисии на јаглерод диоксид.
Оваа ситуација претставува двојна загуба, бидејќи европската економија ја губи конкурентноста, а глобалните емисии на јаглерод диоксид не се намалуваат.
Новата регулатива треба да ги промени овие трендови и да ги мотивира компаниите да останат во Европската Унија, а е создадена по консултации со заинтересираните сектори.