ЕУ, НОРВЕШКА И ШВАЈЦАРИЈА НАЈАТРАКТИВНИ ДЕСТИНАЦИИ Годинава поднесени над 800.000 барања за азил

Најдрастично зголемување на бројот на азиланти е регистрирано во Летонија, до 168% и во Естонија 119%. Ова се објаснува со силниот пораст на нерегуларната миграција од Белорусија.

233

Од година во година се зголемува бројот на луѓето што бараат азил во развиените европски земји. Така, само во првите 9 месеци годинава поднесени се над 800.000 барања за азил во Европската унија, Норвешка и во Швајцарија.

Споредено со истиот период во претходните години, ова е највисока бројка од 2016 година, објави германскиот весник „Велт“ во своето денешно издание, повикувајќи се на бројки на Агенцијата за азил на ЕУ.






Според бројките, од почетокот на годината до 3 октомври во 29-те држави биле поднесени точно 801.459 барања за азил.

Најдрастично зголемување на бројот на азиланти е регистрирано во Летонија, до 168% и во Естонија 119%. Ова се објаснува со силниот пораст на нерегуларната миграција од Белорусија.

Германија се најде на третото место со 74% зголемување на бројот на апликации во споредба со истиот период минатата година. Најголемо намалување е забележано во Данска, пад од 56%, Малта, 54%, Кипар со пад од 52% и Австрија со пад од 41%.

Земја со најмалку барања за азил годинава беше Унгарија, каде се регистрирани  само 26 барања.

Поврзани содржини