ЕУ: Нема автоматски привилегии за Велика Британија после Брегзит

271

Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние денеска изјави дека на Велика Британија не и следуваат автоматски привилегиите што Брисел им ги доделува на своите трговски партнери.

Додека двете страни преговараат за ново партнерство по Брегзит, главниот преговарач на Велика Британија вчера објави писмо во кое го обвинува Брисел дека на Велика Британија и ги скратил привилегиите што ЕУ им ги дава на своите трговски партнери.






– Нема доделување привилегии по автоматизам – рече Мишел Барние, објаснувајќи дека бенефициите се доделуваат во зависност од контекстот и специфичните околности, на различни трговски партнери на ЕУ.

Поврзани содржини