ЕУ НЕ ТРЕБА ДА ЗАВИСИ ОД САД Макрон смета дека изјавите на Трамп ќе ја обединат Европа

Францускиот претседател, Емануел Макрон, рече дека Европската Унија треба да напредува во својата одбранбена индустрија и да инвестира повеќе за да има предност. Тој појасни дека Европа ќе направи сѐ за да биде почитувана во случај на „напад на нејзината меѓународна трговија“.

573

Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска во Брисел повика на „понезависна“ Европска Унија (ЕУ) од САД во однос на набавките и колективната безбедност.

– Многу е едноставно. Треба да бидеме повеќе наклонети кон домашните набавки – рече Макрон по пристигнувањето во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со британскиот премиер, Кир Стармер.






Макрон рече дека изјавите на новата американска администрација на Доналд Трамп „ги туркаат Европејците да бидат пообединети и поактивни во одговорот на прашањето за колективната безбедност“.

Францускиот претседател додаде дека ЕУ треба да напредува во својата одбранбена индустрија и да инвестира повеќе за да има предност.

Според него, ова вклучува повеќе европско финансирање, исклучување на воените трошоци од буџетските правила на Пактот за стабилност и приоритет на европските набавки.

Макрон рече дека Европа ќе направи сѐ за да биде почитувана во случај на „напад на нејзината меѓународна трговија“.

– Доколку бидеме нападнати во однос на трговијата, Европа, како сила која се држи, ќе треба да стори сѐ за да биде почитувана, односно да реагира – рече Макрон, алудирајќи на најавата на Трамп за воведување царини од ЕУ.

Поврзани содржини