„ЕУ НЕ Е САМО ПОЛИТИКА, ТУКУ КОНКРЕТНА ПОМОШ“ Перински откри како ќе се подобри секојдневието

Министерот Перински истакна дека токму преку програмата „ЕУ за општините“, која се спроведува со поддршка од Европската Унија, се зајакнува локалната економија и соработката меѓу институциите на сите нивоа.

272

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, порачува дека успешната интеграција на Македонија во Европската Унија зависи од силната соработка меѓу Владата, општините и Европската делегација во земјава.

Во објава на социјалните мрежи, Перински подвлече дека европскиот пат не е само политичка амбиција, туку процес на длабоки и суштински реформи кои имаат реално влијание врз животот на граѓаните.






– Цврсто сме посветени на процесот на децентрализација и јакнење на капацитетите на општините преку обезбедување конкретна поддршка и градење европски стандарди на локално ниво – изјави Перински, нагласувајќи дека овој пристап е дел од стратегијата за поефикасна јавна администрација и економски развој на локалната заедница.

Министерот истакна дека токму преку програмата „ЕУ за општините“, која се спроведува со поддршка од Европската Унија, се зајакнува локалната економија и соработката меѓу институциите на сите нивоа.

Програмата има за цел да донесе конкретни резултати на терен, од подобрување на инфраструктурата до зголемување на инвестициите во образованието, животната средина и јавните услуги.

– Благодарни сме за континуираната поддршка од Европската Унија, која е клучна за изградба на функционален систем и за зголемен квалитет на живот на сите граѓани – додаде Перински.

Поврзани содржини