ЕУ КУПУВА 100.000 ВАКЦИНИ ЗА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ Досега во Унијата регистрирани се 900 случаи

По состанокот на министрите за здравство на државите членки на ЕУ во Луксембург, Киријакидес изјави дека вакцините ќе бидат купени со пари од фондови на блокот. Тие ќе бидат доставени во земјите членки на ЕУ.

55

Европската Унија денеска ќе потпише договор со непознат производител за околу 100.000 дози вакцини против мајмунски сипаници. Тие треба да бидат доставени до крајот на јуни. Информацијата е потврдена од еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес.

По состанокот на министрите за здравство на државите членки на ЕУ во Луксембург, Киријакидес изјави дека вакцините ќе бидат купени со пари од фондови на блокот. Тие ќе бидат доставени во земјите членки на ЕУ.






Таа додаде и дека во ЕУ досега се евидентирали 900 случаи на мајмунски сипаници.

Поврзани содржини