ЕУ, КАНАДА И ЈАПОНИЈА ПОДГОТВУВААТ КОНТРАЦАРИНИ Трамп одговори дека ќе возврати со огромни царини

Акциите на Џенерал Моторс паднаа за 8% во тргувањето после работното време, а акциите на Форд и Крајслер, матичните Стелантис, со кои се тргува во САД, паднаа за по околу 4,5%, на Toyota Motor, Honda Motor и Hyundai Motor паднаа за околу 3%.

174

Остри реакции во светот на царинската стапка од 25% на САД за увоз на сите видови автомобили коja стапува на сила на 2 април.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, исто така, го изрази своето незадоволство од најавата на Трамп.






„Длабоко жалам за одлуката на САД да воведат царини за автомобили. Тарифите се даноци – лоши за бизнисите, уште полоши за потрошувачите, во САД и ЕУ. ЕУ ќе продолжи да бара решенија преку преговори, додека ги штити своите економски интереси“, напиша таа на X ед во Соединетите Американски Држави.

Германскиот министер за економија Роберт Хабер оцени дека воведувањето царини за увозните автомобили, што го најави вчера американскиот претседател Доналд Трамп, бара одлучен одговор од ЕУ.

– Сега е важно ЕУ силно да одговори на овие царини. Мораме јасно да ставиме до знаење дека нема да прифатиме такви мерки без реакција – рече Хабек, додавајќи дека ЕУ треба да бара решение преку преговори.

Францускиот министер за финансии Ерик Ломбард рече дека се надева дека ќе разговара за пониски царини со САД „што е можно поскоро“.

– Ова е многу лоша вест  и единственото решение засега е Европската унија да ги зголеми тарифите – рече Ломбард.

– Канада ќе одговори на новите царини за увезените возила што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп и може да воведе реципрочни мерки против САД – најави канадскиот премиер Марк Карни

Карни го нарече потегот на Трамп „директен напад“ и им рече на новинарите дека денеска ќе свика состанок на владата на високо ниво за да одлучи за одговорот.

– Ние ќе ги браниме нашите работници, ќе ги браниме нашите бизниси, ќе ја браниме нашата земја и ќе ја браниме заедно – рече тој.

На прашањето кога Канада ќе одговори, Карни рече:

– Тоа ќе се случи наскоро, имаме опции. Можеме да наметнеме контратарифи.

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба рече дека Токио ќе ги стави „сите опции на маса“. Ишиба во локалниот парламент истакна дека Јапонија има значителни инвестиции во САД, како и фактот дека таму отвора работни места.

– Јапонија е земјата која инвестира најголема сума во Соединетите држави, па се прашуваме дали има смисла Вашингтон да применува униформни царини за сите земји. Тоа е она што го истакнавме и ќе продолжиме да го правиме тоа. Мораме да размислиме што е најдобро за националниот интерес на Јапонија. Ги ставаме сите опции на маса за да го разгледаме најефективниот одговор – нагласи тој.

Аналитичарите велат дека овој потег може да и нанесе тежок удар на јапонската економија, со оглед на нејзината зависност од извозот на автомобили во САД. Автомобилите учествуваа со 28,3% од вкупниот извоз на Јапонија во САД во 2024 година, што е највисок сооднос меѓу сите извозни производи.

Трамп, преку својот профил на социјалните мрежи Trudeau Social, денеска им се закани на Европската унија и на Канада со дополнителни царини доколку се координираат на штета на САД како одговор на трговската војна што ја започна Вашингтон.

„Доколку Европската унија работи со Канада за економски да им наштети на Соединетите Држави, ќе бидат наметнати огромни царини, многу повисоки од сегашните, за да се заштити најдобриот пријател што секој од нив некогаш го имал“, напиша Трамп денеска на својот Твитер профил.

Во првиот налет од најавената трговска војна први настрадаа производителите на автомобили. Акциите на Џенерал Моторс паднаа за 8% во тргувањето после работното време, а акциите на Форд и Крајслер, матичните Стелантис, со кои се тргува во САД, паднаа за по околу 4,5%, на Toyota Motor, Honda Motor и Hyundai Motor паднаа за околу 3%.

Поврзани содржини