ЕУ испраќа канадери за гаснење на пожарите во Италија, Турција, Македонија и во Албанија
Во исто време, сателитите за управување со вонредни состојби на ЕУ од системот Коперник обезбедуваат дополнителна поддршка на итните служби за координација на операциите на терен.
Преку Механизмот за цивилна заштита, ЕУ мобилизираше поддршка за земјите од Медитеранот и Западен Балкан кои се погодени од шумски пожари.
Европската комисија нагласува дека два „канадера“ противпожарни авиони од Франција биле испратени во погодените области на Италија, додека Кипар испратил два противпожарни авиони во Грција заедно со противпожарната бригада за поддршка на теренските операции.
Два хеликоптера за поддршка на операциите во Албанија ќе бидат испратени од Чешка и Холандија, додека Словенија испраќа тим од 46 пожарникари во Скопје и 16 противпожарни возила.
Помошта доаѓа покрај постојните противпожарни операции координирани од ЕУ во Турција и Сардинија.
Во исто време, сателитите за управување со вонредни состојби на ЕУ од системот Коперник обезбедуваат дополнителна поддршка на итните служби за координација на операциите на терен.
– Работиме деноноќно за да испратиме помош додека пожарите беснеат низ Европа. Им благодарам на Кипар, Чешка, Франција, Словенија и Холандија за брзото распоредување на противпожарни авиони, хеликоптери и тим пожарникари за поддршка на земјите што беа тешко погодени од шумски пожари. Ова е одличен пример за солидарност на ЕУ во време на потреба – соопшти Европската комисија.