Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот, изјави денеска дека ЕУ резервирала повеќе вакцини против ковид-19 отколку што ќе и бидат потребни, а вишокот ќе го подели со други земји.
– ЕУ ќе ја одржи преземената одговорност за заштита на граѓаните и ќе го направиме тоа на глобално ниво – порача Рот.
Унијата досега склучи договори со шест фармацевтски компании, кои произведуваат вакцини на територијата на Европа, за набавка на околу 1.360 милиони дози потенцијални вакцини против коронавирус.