EУ го склучи првиот договор за вакцини: Купува најмалку 300 милиони дози

Претходно, американската компанија „Новавакс“ објави дека Велика Британија од неа ќе купи 60 милиони дози од потенцијалната вакцина против ковид-19.

423

Европската комисија соопшти дека постигнала договор со британската компанија „Астразенека“ за купување на повеќе од 300 милиони дози од нивната потенцијална вакцина против ковид-19.

Претставник на ЕУ кој преговара во име на 27-те членки на организацијата, изјави дека договорот вклучува опција за купување дополнителни 100 милиони дози, доколку вакцината се потврди дека е безбедна и ефикасна.






Ова е прва спогодба на ЕУ за набавка на вакцина против ковид-19 однапред.

Претходно, американската компанија „Новавакс“ објави дека Велика Британија од неа ќе купи 60 милиони дози од потенцијалната вакцина против ковид-19.

Компанијата и британската влада ќе соработуваат во третата фаза од клиничкото испитување со цел да се процени ефикасноста на вакцината кај британското население, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини