ЕУ ГО ПОТКОПУВА САМИТОТ ПУТИН-ТРАМП Западот ги саботира мирољубивите стремежи, обвини Захарова
ЕУ спроведува активни субверзивни акции пред планираната средба во Будимпешта, вели портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
ЕУ прави сè што може да го поткопа претстојниот самит помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп и продолжува со напорите за ескалација на судирот во Украина, обвини денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– ЕУ спроведува активни субверзивни акции пред планираната средба во Будимпешта. Агресивната западноевропска заедница сака да ги саботира сите мирољубиви стремежи – наведе Захарова.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков наведе дека Будимпешта е избрана за средба помеѓу Путин и Трамп поради тоа што премиерот на Унгарија, Виктор Орбан има добри односи со американскиот претседател и конструктивни врски со рускиот претседател.
– Работата за подготовка на претстојниот состанок во унгарската престолнина, чија цел е постигнување решение за конфликтот во Украина и развивање на односите меѓу Русија и САД, само што почнаа – посочи Песков.