ЕУ го одлага одобрувањето на вакцината „Спутник V“

Друг извор за Ројтерс тврди дека иако рокот не е запазен, ЕМА му дала на производителот на вакцини, рускиот институт Гамалеа, уште една недела да ги обезбеди потребните податоци.

551

Одобрувањето за руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ од страна на ЕУ ќе се одложи бидејќи бил пропуштен рокот за доставување податоци до 10 јуни, јави Ројтерс.

Службеник на германската влада, истакнал дека ако не се обезбедат потребните податоци за клиничките испитувања на надзорниот орган за лекови во ЕУ, „зеленото светло“ за вакцината ќе се одложи барем до септември.






„Одобрувањето на Спутник V веројатно ќе се одложи до септември, можеби до крајот на годината“, соопштил изворот кој барал да остане анонимен.

Се очекуваше, Европската агенција за лекови (ЕМА) да заврши со испитување на руската вакцина и да донесе одлука во мај или јуни.

Друг извор за Ројтерс тврди дека иако рокот не е запазен, ЕМА му дала на производителот на вакцини, рускиот институт Гамалеа, уште една недела да ги обезбеди потребните податоци.

Поврзани содржини