ЕУ ГО ОЦЕНИ ПРАВОСУДСТВОТО КАКО НЕКООПЕРАТИВНО Македонија се најде на уште една црна листа

616

Во најновиот документ на полето на владеење на правото, транспарентноста и даноци, Европската унија ја смести Македонија заедно со Катар, Уругвај, Хонг Конг, Малезија и со Коста Рика на црната листа на земји со некооперативно правосудството во делот на даночните политики, јавува Блумберг.

Два пати годишно Советот на ЕУ ја обновува оваа листа на земји кои не се членки на Унијата, а главните критериуми се нивото на даночната транспарентност, даночното затајување и сомнителните трансфери на профит.






Советот на Европската унија на 5 октомври ја ажурираше листата на ЕУ на некооперативни јурисдикции.

Промените вклучуваат:

– поместување на Ангола, Доминикана и Сејшели на сивата листа од црната листа и давање на овие јурисдикции дополнителен преглед од Глобалниот форум;

– отстранување на Австралија, Есватини и Малдиви од сивата листа бидејќи ги спроведоа сите неопходни реформи за да се усогласат со критериумите на ЕУ;

– додавање на Костарика, Хонг Конг, Малезија, Северна Македонија, Катар и Уругвај на црната листа.

Поврзани содржини