ЕУ ГИ ВКЛУЧУВА „ЛУКОИЛ“, „ГАСПРОМ“ И „РОСАТОМ“ ВО ПОСЛЕДНИОТ ПАКЕТ САНКЦИИ КОН РУСИЈА Унгарскиот шеф на дипломатијата вели дека тоа е лошо за неговата земја
Според него, Киев е за итно воведување санкции од ЕУ врз руската нуклеарна индустрија, нафтените и гасните компании.
Европската Унија, водена од „фанатизам кон санкциите“ и на инсистирање на Украина, размислува за вклучување на „Лукоил“ и „Гаспром“ и енергетската корпорација „Росатом“ во својот 20-ти пакет санкции против Русија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.
– Европа моментално страда од војна и фанатизам на санкциите. Се изнесуваат сè повеќе диви предлози. Сега сакаат да ги додадат „Росатом“, „Гаспром“ и „Лукоил“, односно руските енергетски компании, на списокот на санкции – рече Сијарто во емисијата „Час на вистината“.
Тој истакна дека соработката со споменатите компании е од клучно значење за Унгарија, како во однос на енергетската безбедност, така и во однос на одржувањето на намалени трошоци за комунални услуги.
Според него, Киев е за итно воведување санкции од ЕУ врз руската нуклеарна индустрија, нафтените и гасните компании.