ЕУ ЌЕ УПАТИ БАРАЊЕ ДО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Охридскиот договор да се вклучи во преговарачката рамка за Србија

417

Европската унија (ЕУ) формално ќе побара од Европската комисија да ги вклучи обврските од договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Србија и Косово, во преговорите за членство меѓу Белград и Брисел, објави Радио Слободна Европа.

Во нацрт-заклучоците, се наведува дека „Советот бара од Комисијата и високиот претставник итно да му предложат на Советот, пред крајот на јануари 2024 година, измени и дополнувања на критериумите за Поглавјето 35 од пристапните преговори на Србија“.

Србија и Косово на 27 февруари постигнаа договор за патот кон нормализација на односите.

На 18 март во Охрид беше договорен анекс за имплементација на овој договор.

Иако Белград и Приштина не го потпишаа договорот, ниту анексот за спроведување, според изјавата на високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, договорот се смета за правно обврзувачки за двете страни.

 

Поврзани содржини