ЕУ Е ПОДГОТВЕНА ДА ВОЗВРАТИ НА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП Франција и Германија најавија дека ќе побараат реакција на ЕУ
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера соопшти дека Вашингтон ќе воведе царини од 25% за производите од челик и од алуминиум.
Европската унија ќе се спротивстави и соодветно ќе одговори на сите царини што и ги наметнаа САД, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
– Нема двоумење кога станува збор за одбрана на нашите интереси – рече Баро во интервју за TF1.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера соопшти дека Вашингтон ќе воведе царини од 25% за производите од челик и од алуминиум.
И германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Европа е подготвена да реагира „во рок од еден час“ доколку САД воведат царини за Европската унија.
На новинарско прашање дали ЕУ има „список на мерки“ со кои треба да одговори доколку САД воведат царини, Шолц одговори:
– Да, ако треба да се изразам на највнимателен дипломатски начин. Ние како Европска Унија можеме да преземеме мерки во рок од еден час.