ЕУ ќе купи 300 милиони вакцини против ковид-19 од „Санофи“ и од ГСК

ЕУ ќе купи до 300 милиони дози од британскиот и од францускиот фармацевтски гигант, стои во твитот на Стела Киријакидес, европски комесар за здравство.

441

Европската унија се согласи да купи потенцијална вакцина против ковид-19 од Санофи и од ГлаксоСмитКлајн во друг ваков договор што има за цел да обезбеди залихи, бидејќи се приближува крајниот рок за пристапување кон програмата Ковакс за еднаков пристап до вакцини.

Според постигнатиот договор, ЕУ ќе купи до 300 милиони дози од британскиот и од францускиот фармацевтски гигант, стои во твитот на Стела Киријакидес, европски комесар за здравство.






Санофи и ГлаксоСмитКлајн се надеваат дека вакцината, на која работат заедно, ќе добие дозвола за употреба следната година.

Денешното соопштение ја потврди најавата на овие две компании од 31 јули.

Поврзани содржини