ЕУ ЌЕ ГО НАМАЛИ УВОЗОТ НА ШЕЌЕР ОД УКРАИНА? Земјоделците се жалат дека увозот ја руши нивната цена

Намерата за намалување на увозот на украинскиот шеќер, според неименувани извори, ја спомна еврокомесарот за земјоделство Кристоф Хансен на состанокот со претставници на француските земјоделски и индустриски здруженија на земјоделскиот саем во Париз на крајот на февруари.

60

Европската комисија размислува за значително намалување на увозот на украинскиот шеќер по поплаките од производителите на ЕУ дека порастот на испораките предизвикал пад на цените.

Како дел од поддршката за Украина по влегувањето на руските трупи, Брисел им обезбеди на украинските земјоделски производи неограничен пристап до пазарот на ЕУ. Ситуацијата се промени откако евтиниот увоз предизвика бран протести на земјоделците во ЕУ, со поплаки дека го поткопуваат домашното производство и ги намалуваат цените.






Намерата за намалување на увозот на украинскиот шеќер, според неименувани извори, ја спомна еврокомесарот за земјоделство Кристоф Хансен на состанокот со претставници на француските земјоделски и индустриски здруженија на земјоделскиот саем во Париз на крајот на февруари, објави Ројтерс.

Хансен не прецизираше колку увозот треба да се намали, но рече дека ќе биде „значително помал“, според извори кои присуствуваа на состанокот.

Еврокомесарот додаде дека ќе се осврне и на увозот на други украински земјоделски производи, како што е житото, но не наведе детали, рекоа два извори.

Поврзани содржини