Европска Унија ќе ги отстрани Србија и Црна Гора од листата безбедни земји, додека за вклучувањето на САД на листата не ни било разговарано, со оглед на големиот раст на инфицирани лица со ковид-19, јавија западните медиуми повикувајќи се на неименнувани извори.
Отсранувањето на Црна Гора и на Србија од листата на безбедни земји е на предлог на претседатвачот на ЕУ, Германија. Предлогот вчера бил поддржан од неколку држави, вклучително Франција, Шпанија и Холандија.
Одлуката официјално треба да биде потврдена на денешниот состанок на дипломатите на ЕУ.
Листата е само препорака. Сите земји-членки на ЕУ не ги применуваат нејзините одредби.
Двете балкански држави ќе бидат избришани од листата поради зголемено ширење на ковид-19.
Земјите на ЕУ разговараа и за отстранување на Алжир и Мароко од списокот поради пораст на случаите, но повеќето се спротивставија на тој потег затоа што бројките се уште се релативно ниски.
По исклучувањето на Србија и на Црна Гора, 13 земји ќе останат на листата – Алжир, Австралија, Канада, Кина, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај. И покрај тоа што се наоѓа на листата безбедни земји, патувања од Кина ќе бидат дозволени само ако кинеските власти дозволуваат и посетители од ЕУ. Условот за реципроцитет не се применува во случај на другите наведени земји